Најдобриот тенисер на сите времиња Србинот Новак Ѓоковиќ со победата врз Британецот Камерон Нори во осминафиналето на Ролан Гарос ја забележа 100-тата победа на францускиот гренд слем.

Новај Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос без ниту еден изгубен сет досега, а во четвртфиналето ќе огра против третиот носител на турнирот Германецот Александар Зверев.

Со ова достигнување Новак Ѓоковиќ стана вториот играч во историјата со троцифрена бројка победи на Ролан Гарос, а најуспешен е Рафаел Надал со 112. Ѓоковиќ изјави дека 100-ката е убав број но 101 е уште поубав и дека во Ролан Гарос е дојден за да игра за титулата.

Слични новости

Астрономска плата за Инзаги во Ал-Хилал, Интер го сака Фабрегас

Астрономска плата за Инзаги во Ал-Хилал, Интер го сака Фабрегас

Интер Милан, откако се согласи да го раскине договорот со Симоне Инзаги (49), бара нов тренер, а главен кандидат за клупата на „нероаѕурите“ е поранешниот играч од средниот ред на Арсенал и Барселона, Сеск Фабрегас (38), објавија италијанските медиуми