Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска се пласираше во осминафиналето на Австралија опен откако во третото коло го победи Холанѓанецот Ботик ван де Зандсхулп со 3:0. ( 6:3, 6:4, 7:6).
Ѓоковиќ ја опрвада улогата на фаворит, иако третиот сет беше изедначен и неизвесен. По мечот Новак изјави дека претерано се опуштил по почетното водство, но дека потоа се соземал.
Најдобриот тенисер на сите времиња со денешниот триумф успеа да стигне до 400-татат победа во кариерата на Гренд слем турнирите.
Во осминафиналето Ѓоковиќ ќе игра против победникот од мечот Јакуб Меншик-Итан Квин.
Слични новости
Зверев го победи Лернер во четвртфиналето на Австралија опен
Зверев во полуфиналето на првиот Гренд слем сезонава ќе игра против победникот на мечот меѓу Шпанецот Карлос Алкараз и Австралијанецот Алекс де Минор.
Нони Мадуеке најголемо промашување во Премиер лигата засега
Нони Мадуеке сезонава постигна три гола, но во натпреварите од Лигата на шампионите, додека во Премиер лигата на 14 натпревари нема постигнато гол, ниту асистенција.
Бен Шелтон последниот четвртфиналист на Австралија опен
Американскиот тенисер Бен Шелтон се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен, откако денеска во Мелбурн во осминафиналето го победи Норвежанецот каспер Руд со 3:1 во сетови ( 3:6, 6:4, 6:3, 6:4).


