Некогашниот светски рекет број еден Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во третото коло од Мастерсот во Мадрид откако беше поразен од Италијанецот Матео Арналди во второто коло со 6:3, 6:4. Ова беше прв меѓусебен дуел на Арналди кој е 44 играч на АТП листата и Ѓоковиќ кој е сеуште петти.

По мечот Ѓоковиќ изјави „дека ова е неговата нова реалност на турнирите да победи еден или два меча, а не да размислува како ќе дојде до завршницата на турнирот. Ова е целосно ново чувство за мене во однос на она што го имав изминатите 20 години професионален тенис и ова е за мене голем ментален предизвик“.

Тој рече дека ова веројатно беше неговиот последен меч како тенисер на турнирот во Мадрид, што го имаше освојувано три пати во кариерата.

Слични новости

Рудигер се извини за своето однесување при поразот од Барселона

Рудигер се извини за своето однесување при поразот од Барселона

Германскиот дефанзивец на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, се извини за своето однесување во поразот од 2:3 од Барселона во саботата во финалето на Купот на кралот, кога доби директен црвен картон откако избувна во бес и фрли предмет кон судијата

НБА: Деневер израмни против Клиперс, Голден Стејт поведе против Рокетс

НБА: Деневер израмни против Клиперс, Голден Стејт поведе против Рокетс

Денвер Нагетс остварија важна победа синоќа победувајќи ги Лос Анџелес Клиперс со 101:99 во четвртиот натпревар од плејофот на Западната конференција, со што го израмнија резултатот на 2:2 во серијато до четири победи