Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ по заврпувањето на УС опенот падна за седум позиции и на најновата АТП листа и веќе не  ниту во првите 10, туку го зазема 12-тото место. Ѓоковиќ загуби 790 поени во однос на минатата АТП листа, откако во првото коло на УС опен беше совлафдан од Аргентинецот Маријано Навоне.

Александар Зверев кој го освои УС опен откако во финалето го победи Американецот Бен Шелтон со 3:1 во сетови е втор на АТП листата со 9.960 поени, а прв е сеуште Италијанецот Јаник Синер со 11 500 бодови.

Шпанецот Карлос Алкараз е трети, а на четвртото место на АТП листата се проби Шелтон со пласманот во финалето.

 

Слични новости

Прва победа на шампионот Њујорк Никс по првите три пораза на стартот од сезоната

Прва победа на шампионот Њујорк Никс по првите три пораза на стартот од сезоната

Њујорк ја забележа првата победа во новата сезона од НБА лигата со победата против Детроит од 111:97. Доминираше Карл Ентони Таунс со 27 коша и 20 скокови, а Џејлен Бронсон постигна 24 кај Њујорк, додека најдобар кај Детороит беше Дурен со 22 коша и 9 скокови.

Лацио, Рома и Комо со нови победи го отворија новото коло во Серија А

Лацио, Рома и Комо со нови победи го отворија новото коло во Серија А

Лацио изби на првото место на табелата со убедливата победа од 6:2 против Сасуоло, додека Комо иако губеше во Торино со 1:0 д 24-тата минута на натпреварот, во последните 10 минути од мечот направи преврт и стигна до трите бода со победа од 1:3.

Доаѓа крајот на Мајкл Карик но навивачите на Манчестер јунајтед ја обвинуваат управата на клубот

Доаѓа крајот на Мајкл Карик но навивачите на Манчестер јунајтед ја обвинуваат управата на клубот

По поразот од 0:3 на Олд Трафорд од Бурмут, тренерот на Манчестер јунајтед Мајкл Карик со тежок чекор го напушти стадионот свесен дека веројатно тоа беше последниот меч на клупата на Манчестер јунајтед.