Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ по заврпувањето на УС опенот падна за седум позиции и на најновата АТП листа и веќе не ниту во првите 10, туку го зазема 12-тото место. Ѓоковиќ загуби 790 поени во однос на минатата АТП листа, откако во првото коло на УС опен беше совлафдан од Аргентинецот Маријано Навоне.
Александар Зверев кој го освои УС опен откако во финалето го победи Американецот Бен Шелтон со 3:1 во сетови е втор на АТП листата со 9.960 поени, а прв е сеуште Италијанецот Јаник Синер со 11 500 бодови.
Шпанецот Карлос Алкараз е трети, а на четвртото место на АТП листата се проби Шелтон со пласманот во финалето.
Слични новости
Скандали во италијанскиот фудбал
Малдини сакаше да ги доведе на селекторската функција Пеп Гвардиола или Карло Анчелоти, па откако доби негативни одговори, се договори со Андреа Пирло. Пирло мораше да се повлече под политички притисоци, а сега од функцијата како реакција на тоа се повлекува и Паоло Малдини што е голем скандал.
Харви Барнс потпиша нов договор со Њукасл
Англискиот фудбалер Харви Барнс потпиша нов долгорочен договор со клубот, соопшти Њукасл. 28 годишниот Барнс е член на Њукасл од 2023 и досега за клубот има одиграно 120 натпревари на кои има постигнато 30 голови и 14 асистенции.
Фудбалскиот судија Славко Винчиќ кој го судеше финалето на Мундијалот ја заврши кариерата
Словенечкиот фудбалски судија Славко Винчиќ ја заврши судиската кариера, соопшти Фудбалскиот сојуз на Словенија. Винчиќ кој има 56 години, пред осум дена го судеше финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина


