По вчерашниот пораз од бразислкиот тенисер Фонсека на Ролан Гарос, иако водеше со 2:0 во сетови, Новак Ѓоковиќ изјави дека засега не размислува да се повлече од тенисот, иако за прв пат по 17 години е елиминиран од Ролан Гарос пред да се пласира во четвртфиналето.

Ѓоковиќ рече дека со оглед на фактот дека е повреден играл добро, но дека по првите два сета енергетски паднал на теренот. „Тоа е што е, би сакал јас да ијмам 19 години и да играм на теренот, но имам 39. Сепак, секогаш ќе се борам до крај на Гранд слемовите, па макар требало да играм и на една нога“, изјави Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер рече и дека е задоволен од својата ихгра со оглед на околностите, како и дека Фонсека бил подобар и заслужено го победил.  

Слични новости

Голден Стејт Вориорс елиминирани во плеј инот од Феникс

Голден Стејт Вориорс елиминирани во плеј инот од Феникс

Голден Стејт одигра слаб натпревар, а потфрли и првата ѕвезда на тимот Стеф кари кој имаше шут 3 од 10 за тројка.
Со тоа Феникс во првото коло ќе игра против првопласираната Оклахома, а Портланд ќе игра против Сан Антонио.