Ветеранот Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен, без борба, откако Чехот Јакуб Меншик го предаде мечот поради повреда. Мечот требаше да се игра утре од 11 часот на арената Род Лејвер.

Меншик порача на Инстаграм дека му е многу тешко, но дека мора да се повлече од Гренд слемот во Мелбурн поради повреда на стомачните мускули, која се влошуваше од меч во меч.

Во четвртфиналето се пласираше и светскиот рекет број 1 Карлос Алкараз кој го победи Американецот Томи Пол со резултат 3:0. Доколку и Ѓоковиќ и Алкараз победат во четвртфиналните мечеви тие ќе се сретнат во полуфиналето.

Слични новости

Ентони Едвардс МВП на Ол -стар натпреварот

Ентони Едвардс МВП на Ол -стар натпреварот

Тимот на американските ѕвезди победи на ревијалниот Ол-стар натпревар на НБА со победа во финалето против тимот на американските линии со резултат 47:21, а Ентони Едвардс беше избран за МВП.