Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го предаде мечот од полуфиналето на Австралија опен против германскиот тенисер Александар Зверев по првиот сет кој го доби Зверев во Тај брејк. Ѓоковиќ кажа дека станува збор за кинење на мускулот, повреда која ја здоби во четвртфиналето против Карлос Алкараз.
Ѓоковиќ изјави дека пред крајот на првиот сет чувствувал се поголема болка и дека не можел да се носи со болката, иако се обидел. Тој додаде дека не знае колку ќе мора да паузира поради повредата.
„Морам да одам на испитувања. Кога ќе се вратам во Европа ќе имам состанок со физиотерапевтите и медицинскиот тим и ќе се обидеме да се опоравам најбргу што може“, изјави Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер поради повредата го откажа учеството и за српската репрезентација во Дејвис купот.
Зверев во недела во финалето на Австралија опен ќе игра со италијанецот Јаник Синер кој во второто полуфинале лесно го совлада Американецот Бен Шелтон со 3:0 во сетови.
Слични новости
НБА: Уште еден „трипл-дабл“ на Јокиќ во победата на Денвер
Никола Јокиќ додаде уште еден 23-ти „трипл-дабл“ сезонава со 27 поени, 14 скока и 10 асистенции.
Фокс разменет во Спарс, ЛаВин оди во Кингс
Голема размена се случи во американската професионална кошаркарска НБА лига, во која учествуваа три клуба, а беа разменети седум играчи и уште седум избори на драфтот, а најголемото име што го промени клубот беше „Ол-стар“ бекот Де’Арон Фокс, кој премина од Сакраменто Кингс во Сан Антонио Спарс
Лука Дончиќ допатува во Лос Анџелес и порача дека доаѓа за да освојува титули
Лејкерс денеска му посакаа добредојде на Дончиќ, кој рече дека кошарката му значи се, без оглед каде игра. „Ќе играм со истата радост, истата страст и истата цел – да освојувам титули“ им порача Дончиќ на навивачите на Лејкерс.