Уметницата родена во Глазгов, Н’нена Калу, во вторникот вечерта стана добитничка на престижната награда Тарнер за современа уметност за 2025 година во вторник. Аутистичната уметница ги победи четирите конкуренти, вклучувајќи го и еден ирачки сликар, за престижната награда за современа уметност.

Востановена во 1984 година и именувана по британскиот сликар Џ.М.В. Тарнер, престижната уметничка награда се доделува на уметник роден или со седиште во Обединетото Кралство за исклучителна изложба или презентација на неговата работа во изминатите 12 месеци.

Педесет идеветгодишната уметница Н’нена Калу ја доби наградата во изност од 25.000 фунти. Жирито ги пофали нејзините висечки скулптури, кои ги создава од обвивки од разни материјали, формирајќи форми слични на кожурец, како и нејзините цртежи во големи димензии.

Наградата за 2025 година беше објавена на церемонија во училиште во северниот англиски град Брадфорд, годинешен град на културата во Велика Британија, а ја додели магионичарот Стивен Фрејн, порано познат како Динамо.

Минатогодишната награда ѝ припадна на уметницата Џаслин Каур, која исто така е родена во шкотскиот град Глазгов.

globe

Слични новости

Австралија е првата земја во светот што ги забранува социјалните платформи за деца

Австралија е првата земја во светот што ги забранува социјалните платформи за деца

Австралија стана првата земја во светот што ја забрани употребата на социјалните платформи за деца под 16 години на полноќ по локално време во средата, блокирајќи ја нивната можност да користат платформи како што се TikTok, YouTube на Alphabet и Instagram и Facebook на „Meta“