Ниту еден од четворицата кандидати за претседател на Грција не ги доби потребните минимум 180 гласа при денешното трето гласање во Парламентот, а следното, кое се очекува да биде и клучно, ќе се одржи по пауза од пет дена, односно следната среда.
Гласањето е јавно со прозивање на секој од пратениците кои имаат две опции: или да одберат еден од кандидатите или да изјават дека се воздржани.

Четворицата кандидати добија идентичен број гласови како и при првите две гласања одржани на 25 и 31 јануари, а и денеска воздржани беа 52 пратеници.
Константинос Тасулас, кој до неодамна беше претседател на Парламентот, како предлог од владејачката Нова демократија повторно доби 160 гласа. За поранешната пратеничка и министерка од ПАСОК Лука Кацели предлог од СИРИЗА и денеска гласаа 40 пратеници. Поранешниот министер и професор Тасос Јаницис предложен од ПАСОК, доби 34 гласа. За писателот Костас Кирјаку предлог на партијата Победа гласаа повторно 14 пратеници.
При првите две гласања потребно беше двотретински мнозинство, додека пак денеска за избор на шеф на државата неопходно беше еден од кандидатите да добие три петтини, односно 180 од вкупно 300 пратеници, што не беше постигнато, а гласањето ќе се повтори на 12 февруари.
Тогаш ќе биде потребно мнозинство од вкупниот број пратеници, односно најмалку 151 глас, а според резултатите од трите гласања, се очекува Грција следната среда да добие нов претседател и Константинос Тасулас да биде избран за шеф на државата со поддршка од околу 160 пратеници.
Петгодишниот мандат на актуелната претседателка Катерина Сакеларопулу завршува на 13. март годинава.
Слични новости
Во куќа во Брчко откриено 31 дете, меѓу кои и бебиња, предмет на трговија со луѓе
. Кај децата биле пронајдени хрватски пасоши, а три лица се уапсени под сомнение дека извршиле повеќе кривични дела, меѓу кои и трговија со луѓе
Поради Курти, Косово остана без поддршката на НАТО, САД и ЕУ, вели Харадинај
Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (АБК) Рамуш Харадинај денеска го обвини премиерот Албин Курти дека со својата политика ги поделил граѓаните на Косово и ја оставил земјата без поддршка од НАТО, САД и Европската Унија
Кремљ го прифати извинувањето на Вучиќ поради гласањето за реолуцијата во ОН
Кремљ во вторникот соопшти дека го прифаќа извинувањето на српскиот претседател Александар Вучиќ еден ден претходно за гласањето на Србија за европска резолуција во ОН на годишнината од руската инвазија на Украина, велејќи дека тоа е „грешка“ што тој не можел да ја контролира поради премногу обврски.