Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, учествуваше во вчерашната дебата на емисијата „360 степени“ на МРТ1, каде што главна тема беа Нацрт-измените на Законот за медиуми. Тој потсети дека нацртот бил објавен на системот ЕНЕР, дека имало различни коментари и дека актуелната верзија е некаква средна вредност што произлегла од нив.
„Овој закон како идеја потекна од два аспекти. Едниот е патоказот за владеење на правото и поглавјето 23 кое утврдува дека мора да имаме поголема јасност и транспарентност во уредувањето на медиумите и препознавање заради гарантирање на конкурентност и гарантирање на квалитетот и професионализмот на медиумите, признавање и препознавање на онлајн медиумите. Вториот аспект е дека во разговори со Здружението на онлајн медиуми и останатите онлајн медиуми, тие истакнаа подготвеност да предложат и иницираат ваков тип измени што ќе значат нивно препознавање како медиум, работа што ја вршат долги години, а никогаш не беше препознаен нивниот ангажман како медиум“, рече министерот Андоновски.

Министерот потенцираше дека како подносители и предлагачи на измени во медиумските закони, тие не сакаат да скратат права на новинарите.
„Една забелешка околу Европскиот акт на медиумски слободи – идејата наша нема никогаш да биде да ја влошиме состојбата во медиумскиот сектор. Сме стасале до некое ниво. Не велам дека некој е задоволен или не е задоволен од тоа, но сме на определено ниво. Не е најдоброто, не е најлошото. Ниту еден чекор на оваа влада нема да биде во насока да се влошат состојбите. Ако можеме да помогнеме со нов Закон за медиуми, со нов Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за состојбата да биде подобра, тогаш ќе се впуштиме во таа трка. Но, никако нема да влеземе во ситуација по секоја цена да го менуваме законот или по секоја цена да носиме нов закон за медиуми со којшто ќе ја влошиме состојбата“, рече Андоновски.
Тој смета дека ќе биде потребна инклузивна дебата во којашто ќе учествуваат националните телевизии и ќе се земат ставовите на здруженијата на новинари, на онлајн медиумите, печатените медиуми, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски, како и на јавниот сервис за да се види кој е ставот, но доколку ставовите се разликуваат многу, Владата нема да влезе во процес на менување на законите.
Слични новости
Полициска акција за приведување лица во врска со постапката за пожарот во Кочани
Николчо Илиев, Ратко Димитровски и Љупчо Папазов, сите поранешни градоначалници на Општина Кочани, се приведени попладнево
Стошевски e нов директор на Општа болница Куманово, наместо разрешениот Трајановски
Сашо Стошевски е назначен за нов директор на Општа болница Куманово. На функцијата директор на кумановската болница доаѓа откако вчера министерот за здравство Арбен Таравари го разреши Стефан Трајановски
Осуди за неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми во однос на известувањето на трагичниот настан во Кочани
Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) ги повика медиумите во државата што известуваат за погребот во Кочани веднаш да ги избришат фотографиите и да ги приспособат вестите на етички и професионални стандарди, реакции со осуди дојдоа и од македонските новинарски асоцијации, од македонската Влада….