Ниту еден од обвинетите за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 64 лица и над 200 беа повредени, не признал вина во фазата на оценка на обвинението. Во документ од 117 страници, дури 109 се посветени на приговорите на одбраната, кои тврдат дека делата се од предолг период и дека недостасуваат надлежности и пријави за постапување, пишува Призма по увид во документот.

Судскиот совет одлучил оценката да се разгледува на затворена седница.

Првообвинетиот сопственик Дејан Јованов, кој се наоѓа во притвор во Куманово, дел од одговорноста ја префрла на институциите кои според него биле одговорни да го регулираат како и на организаторите на настапот, со тврдење дека не бил информиран за употреба на пиротехника. Неговиот син Михаил и братот Тодор наведуваат дека немале формални одговорности во управувањето со дискотеката. Вината се префрла врз

Приговори поднеле и инспектори, градоначалници и поранешни функционери на локално и централно ниво, главно повикувајќи се на ненадлежност или отсуство на соодветни пријави/налози за постапување. Одбраната го нарекува обвинението паушално и најавува долг процес.

Обвинението опфаќа 34 лица и три фирми, со повеќе од 1.440 докази и 283 предложени сведоци, што предметот го прави еден од најобемните во поновата судска практика. Се очекува судот да го закаже првото рочиште по завршување на процесните проверки.

globe

Слични новости

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека

На граничниот премин „Дојран”, утринава за излез од земјава се чека 30 минути, а на Табановце времето на чекање на излез од земјава е 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија

Мицкоски: Не добив само реизбор, денес победи идејата за патот што го трасираме за Македонија

Мицкоски: Не добив само реизбор, денес победи идејата за патот што го трасираме за Македонија

Не добив само реизбор како претседател на ВМРО-ДПМНЕ туку денеска победи идејата. Победи патот што го трасираме за Македонија. Честа е голема и обврската и долгот кон доделената задача уште поголема, истакна Христијан Мицкоски откако попладнево на партискиот конгрес што се одржува во Кавадарци беше реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ