Кривичниот совет на Основниот кривичен суд – Скопје го одби предлогот на одбраната за укинување на притворот на обвинетите Нино Васев и Нехат Нухи во случајот „Онкологија 2“, иако беа понудени имотни гаранции од над 350.000 евра.
Судот оцени дека нема промена на околностите кои би овозможиле поблага мерка, а во оваа фаза нема надлежност да одлучува за гаранција.
На вчерашното рочиште сведочеше претставник од Државниот завод за ревизија, кој детално ги образложи слабостите и неправилностите во работењето на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија за 2021 година.
Сведокот одговараше на прашања од обвинителството, одбраната и обвинетите, појаснувајќи ги финансиските извештаи, јавните набавки и медицинските практики на клиниката.
Во случајот „Онкологија 2“, Васев и Нухи се обвинети дека во периодот 2018-2022 незаконски набавувале лекови и присвојувале дел од терапијата, оштетувајќи го државниот буџет за речиси 36 милиони евра. Двајцата обвинети негираат вина и тврдат дека процесот е политички мотивиран.
Слични новости
Филипче промовира Фронт за слобода и правда
Во Фронтот ги повикуваме и сите други политички партии, не само овие кои што веќе го потврдија учеството, а се дел од сегашната коалиција, туку и другите политички партии, дури и дел на коалициските партнери на сегашната криминална власт, порача Филипче.
Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни
Владата соопшти дека „со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари по литар, додека цената на бензините ќе биде намалена за 1,5 денар по литар“.
Илјадници македонски државјани минале низ „Табановце“ и „Богородица“ за продолжениот викенд
Повеќе од 10.000 македонски државјани ја напуштиле земјава во изминатите 24 часа само преку граничните премини „Богородица“ и „Табановце“. Продолжениот викенд голем број Македонци го искористиле за патување.


