Синот на славниот режисер Роб Реинер и неговата сопруга фотографот МИшел Сингер Реинер е обвинет за две убиства од прв степен од обвинителството во Лос Анџелес. Тој беше уапсен во неделата навечер и се наоѓа во притвот без можност да излезе од притвор со кауција.
Обвинителството наведе дека убиствата се „шокантни и трагични“ и истакнува дека случаите на семејно насилство се меѓу најтешките за процесуирање поради својата „брутална и интимна природа“.
Ник Реинер не се појави пред судот во вторник, а неговиот адвокат Алан Џексон рече дека неговиот клиент не добил лекраско одобрение да се појави пред суд.
Роб и Мишел Реинер беа пронајдени мртви во неделата со смртоносни убодни рани од нож, а нивните тела ги откри нивната ќерка Роми Реинер која ја извести полицијата.
Нивниот син Ник долги години се лечи од зависност од дрога, а неговите родители често и зборуваа на пријателите дека се загрижени за неговото однесување.
Слични новости
Најдобрите филмови на Роб Реинер
Негов најдобар филм се смета трилерот „ Неколку добри луѓе“ од 1992, со Том Круз, кој доби 4 номинации за оскар, а критиката ги смета сцените со Џек Николсон во судницата за едни од најдобрите во неговата кариера.
Холивуд „скршен“ поради смртта на режисерот Роб Реинер и неговата сопруга
Холивудските актери, како и американските политичари, оддаваат почит по смртта на режисерот Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел, кои беа пронајдени мртви во нивниот дом во неделата, велејќи дека се „скршени“ по трагичната вест
Париз ја доби најдолгата градска жичница во Европа
Патниците во Париз отсега може да патуваат до центарот на градот од неговиот јужен дел со жичница долга 4,5 километри, за која се вели дека е најдолгата урбана жичарница во Европа,


