Синот на славниот режисер Роб Реинер и неговата сопруга фотографот МИшел Сингер Реинер е обвинет за две убиства од прв степен од обвинителството во Лос Анџелес. Тој беше уапсен во неделата навечер и се наоѓа во притвот без можност да излезе од притвор со кауција.
Обвинителството наведе дека убиствата се „шокантни и трагични“ и истакнува дека случаите на семејно насилство се меѓу најтешките за процесуирање поради својата „брутална и интимна природа“.
Ник Реинер не се појави пред судот во вторник, а неговиот адвокат Алан Џексон рече дека неговиот клиент не добил лекраско одобрение да се појави пред суд.
Роб и Мишел Реинер беа пронајдени мртви во неделата со смртоносни убодни рани од нож, а нивните тела ги откри нивната ќерка Роми Реинер која ја извести полицијата.
Нивниот син Ник долги години се лечи од зависност од дрога, а неговите родители често и зборуваа на пријателите дека се загрижени за неговото однесување.
Слични новости
Синот на Роб Рајнер уапсен за убиство на родителите, се борел со зависност
Режисерот Роб Рајнер долго време се мачел со тоа како да го заврши филмот инспириран од долгогодишната борба на неговиот син Ник со зависноста од хероин и влијанието на неговата злоупотреба на дрога врз неговото семејство
Мараја Кери ќе настапи на отворањето на ЗОИ Милано-Кортина
Американската пејачка суперѕвезда Мараја Кери ќе настапи на миланскиот стадион „Сан Сиро“ на 6-ти февруари на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри Милано-Кортина д’Ампецо
На Евросонгот 2026 во Виена ќе учествуваат 35 земји
Триесет и пет земји ќе се натпреваруваат на следниот Евровизиски натпревар во Виена, објави во понеделникот Европската радиодифузна унија (EBU), по одлуката на голем број земји да го бојкотираат настанот откако на израелски учесник му беше дозволено да учествува


