Австралискиот тенисер со грчко потекло Ник Киргиос призна дека направил голема грешка и ја презема целата одговорност откако беше суспендиран поради употреба на кокаин, пренесуваат британските медиуми.

Меѓународната агенција за интегритет во тенисот денеска соопшти дека Киргиос бил тестиран на 22 јуни за време на турнирот во Мајорка, а резултати покажале дека тој е позитивен на метаболит кокаин.

Кригијос рече дека нема оправдување за тоа што го сторил, но дека ова го доживува како повик за будење. „Во наредните 28 дена ќе се повлечам од социјалните мрежи и јавниот живот за да се посветам на мое опоравување. Жал ми е. Ќе работам на себе и ќе се вратам како подобра личност“ наведе Киргиос.

Австралискиот тенисер сезонава одигра само 4 меча и падна дури на 919 -тото место на АТП листата.

 

 

Слични новости

Патсон Дака нов играч на Хамбург

Патсон Дака нов играч на Хамбург

Досегашниот фудбалер на Лестер Патсон Дака од денеска е нов фудбалер на германскиот бундеслигашки клуб Хамург, соопшти германскиот клуб. Замбиецот Дака кој има 27 години, претходните пет сеозни играше за британскиот клуб Лестер.