Со Велика Британија сериозно сме посветени на реализација на Договорот Влада со Влада кој носи големи економски и политички придобивки, порача вицепремиерот и мнистер за транспорт Александар Николоски по средбата со министерот за бизнис и трговија од Обединетото Кралство, Сер Крис Брајан во рамки на Самитот за Западен Балкан – Берлински процес кој се одржува во Лондон.
Најави голем број средби со високи владини претставници на македонската владина делегација.
„Денеска ја започнуваме дводневната работна посета на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски во која покрај мене е и министерката за финансии, минстерот за надворешни работи и надворешна трговија и министерот за европски прашања. Главата цел зошто сме тука е Берлинскиот процес, односно средбите на највисоко ниво кои ќе се одржат во текот на утрешниот ден. Берлинскиот процес го органиизра лично премиерот Кир Стармер и повторно ќе имаме чест во краток период од само 5-6 месеци премиерот Мицкоски да разговара со премиерот Стармер“, изјави Николоски по средбата.
Најави дека во текот на денешниот ден ќе има прием кај неговото Кралско Височество, кралот Чарлс што, како што рече, е едно посебно достигнување и чест имајќи предвид дека Македонија во минатото не може да се пофали со ваква голема чест.
„Имаме доста средби со членовите на Владата, само што завршивме со средба со министерот за трговија и економија, најзначајниот министер за нас затоа што токму со овој ресор го потпишавме Договорот Влада со Влада со кој на Македонија и става на располгање 6 милијарди евра за инфраструктурни проекти. Веќе разговаравме за развојот на брзата пруга на Коридор 10, каде добро напредуваат работите…..
…. Веќе почнаа да се работат документите со цел почеток на работа, ветивме дека оваа есен почнуваме и еве почнуваме. По завршување на локалните избори кога ќе престанат ограничувањата од Изборниот законик ќе почнеме да работиме на болниците во Штип, Тетово и Кичево и секако на други на инфраструктурни проекти“, посочи Николоски.
Во текот на утрешниот ден, додаде, ќе имаме и средба со директорот на Инструментот за меѓународна подршка на Обединетото Кралство, министерот за Европа и Северна Америка и со министерот за транспорт со кој ќе потпишеме меѓудржавен договор за соработка во делот на воздушниот сообраќај што, потенцира, ќе значи зголемување на можностите за директни летови од Англија кон Македонија за повеќе туристи и повеќе бизнис. Утре потенцира, че имаме средби и со неколку други министри.
„Тука се неколку финансиски институции со кои ќе разговараме за финансирање за реализација на големите проекти така што и политичката и економската димензија е огромна и навистина ќе имаме плодна дводневна посета во Лондон. Првата средба со министерот за трговија и економија покажува дека сме на добра патека и дека се силно посветени на реализација на Договорот Влада со Влада меѓу Македонија и Обединетото Кралство“, изјави вицепремиерот Николоски.
Слични новости
Британска амбасада: Британско- македонското стратешко партнерство е фокусирано на продлабочување на економската и безбедносната соработка
Во врска со пишувања во некои британски медиуми и реакции во земјава за наводно отворање мигрантски кампови, Британската амбасада објави на социјалните мрежи статус со кој посочува дека двете земји имаат воспоставено Стратешко партнерство фокусирано на долгорочна политичка, економска и безбедносна рамка дизајнирана да ја продлабочи соработката и да ја зајакне стабилноста и просперитетот во двете земји
СДСМ: Не чисти СОЗР, „чисти“ семејната фирма на Томовски
Од државни институции и од општини, водени од ДПМНЕ, семејната фирма на Томовски која го менува името добила: неверојатни 5 милиони и 360 илјади евра или вкупно 161 тендери, порача на партиска конференција за медиумите Александар – Саша – Димитријевиќ, од Централен одбор на СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ на партиски конгрес ќе го избира старо-новиот претседател
Во Кавадарци денеска се одржува 18. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, на кој се очекува да биде реизбран за претседател Христијан Мицкоски – единствениот кандидат за функцијата


