Љупчо Николовски од СДСМ денес објави дека ИПАРД 3 програмата е стопирана и дека илјадници земјоделци се без исплата, по коруптивниот скандал и апсењето на директорот на Илија Стоилев, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
„На денешната прес-конференција сакам да ја информирам јавноста дека информациите коишто ги споделив со вас за можната суспензија на ИПАРД 3 програмата се покажаа како точни.
Во петокот околу 16 часот, од страна на националниот координатор за авторизација преку механизмот за суспендирање на плаќања, е донесена и дистрибуирана до македонските власти одлука за суспендирање на ИПАРД 3 програмата, односно одлука за суспендирање на плаќањата во ИПАРД 3.
Одлуката стапила на сила веднаш, на неопределено време, се до исполнување на одредени услови и акциски планови. Оваа суспензија опфаќа целосен прекин на исплатите кон земјоделците и компаниите коишто веќе имаат склучени договори и веќе реализираат инвестиции од оваа програма, потпишување на нови договори и преземање на финансиски обврски од платежната агенција, како и објавувањето на нови јавни повици“, објави Николовски.
За оваа одлука, според информациите на СДСМ, известена е Владата, вицепремиерот за европски прашања, министерката за финансии и министерот за земјоделство.
„Оваа суспензија е срам за државата, но и потсетник дека мора итно да ги заштитиме европските вредности, институционалната одговорност, чесноста и професионалноста во работењето. Јас лично ќе бидам првиот кој ќе иницира конкретни мерки и ќе бара одговорност од сите што ја доведоа државата во ваква состојба по вторпат во овие 15 години“, додаде пратеникот и поранешен министер за земјоделство.
Како што претходно објавија од опозицијата, ИПАРД програмата преку Платежната агенција носи десетици милиони евра субвенции од ЕУ за инвестиции во македонското земјоделство секоја година.
Слични новости
АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило
Агенцијата за храна и ветеринарство од 6 декември почна со втората годинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило
До 40 минути се чека на Табановце и на Дојран
. На „Дојран“ времето на чекање изнесува околу 30 минути, додека на излез од државата на „Табановце“ возачите чекаат до 40 минути
Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ 2025
Во Собранието денеска во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година


