Проблемот со престојот на македонските професионални возачи во Шенген-зоната сè уште нема системско решение, а Владата се обидува да го надмине преку билатерални договори со европските држави.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска ги повика германските бизнисмени да помогнат со лобирање кај тамошните власти, нагласувајќи дека ограничувањата директно влијаат врз транспортот на стоки и реализацијата на инвестициите.

„Можеме да зборуваме доста за инвестиции, да разменуваме мислења, ама на крајот на денот, ако стоката што се произведува тука и во целиот регион не може да стигне до крајната дестинација, тогаш сè е бескорисно“, изјави Николоски на средбата со членовите на Македонско-германското стопанско здружение во Скопје.

Тој посочи дека македонските камионџии веќе 11 месеци се соочуваат со проблеми поради правилото според кое професионалните возачи во најголем дел од земјите во Шенген-зоната, меѓу кои и Германија, се третираат како туристи. 

 

Слични новости

Косовскиот премиер, Курти доаѓа во Скопје

Косовскиот премиер, Курти доаѓа во Скопје

Премиерот на Република Косово, Албин Курти денеска доаѓа во официјална посета на Скопје каде ќе присуствува на централниот настан по повод роденденот на Мајка Тереза

Активни три пожари на отворен простор, а 25 изгаснати во изминатото деноноќие

На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие до 07:30 часот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти Центарот за управување со кризи