Денвер Нагетс утринава го победија Сан Антонио и се пласираа на третото место во западната конференција, а нив прв противник во плеј офот ќе биде тимот на Минесота.

Никола Јокиќ играше само во првото полувреме, за да одигра 65 натпревари со кои ја освои титулата прв асистент и прв скокач на лигата, а останува и во трката за МВП за регуларната сезона.

Јокиќ е првиот играч во историјата на НБА кој ја заршил сезоната со најголем просечен број на скокови и асистенции од 1967 кога таков подвиг направи Вилт Чемберлен, но бројките на Јокиќ се поуверливи.

Српскиот центар има во просек трипл-дабл учинок со 27,7 коша по натпревар, 12,9 скока и 10,7 асистенции.

 

Слични новости

Лејкерси поразени од слабиот Далас без Лука Дончиќ

Лејкерси поразени од слабиот Далас без Лука Дончиќ

Далас ја прекина најлошата сероја порази на домашен терен против Лејкерс со победа од 134:128 благодарение на извонредната партија на „рукито“ Купер Флег. Новајлијата околу кој Далас ќе го гради тимот во иднина Купер Флег на Лејкерси им уфрли дури 45 коша