Српскиот центар Никола Јокиќ го постигна за Денвер 200-иот трипл дабл во кариерата, откако на гостувањето во Њу Орлеанс постигна 21 кош, 13 скокови и 10 асистенции.

На Јокиќ му се потребни уште 10 трипл-даблови оваа сезона за да го престигне Расел Вестбрук и да избие на првото место на вечната листа на НБА.

Денвер утринава втор пат ги победи Њу Орлеанс Пеликанс со 104:91 предводени од Јокиќ, но и Џамал Мари кој постигна 23 коша.

Кај Њу Орлеанс најефикасен беше Зајон Влијамсон со 25 поени. Денвер на стартот од сезоната има скор 2:2, додека Њу Орлеанс има 4 порази од 4 меча.

Слични новости

Николас Батум ја заврши кошаркарската кариера

Николас Батум ја заврши кошаркарската кариера

Францускиот кошаркар Николас Батум реши да ја заврши кариерата во 37-та година. Тој дојде во НБА лигата во дамнешната 2008-ма година, а најголемиот дел од кариерата го мина во Портланд, Шарлот и ЛА Клиперс.