Еден од најдобрите центри во НБА лигата и трикратен МВП Никола Јокиќ, доколку годинава не го продолжи договорот со Денвер би можел да стане најплатен играч во историјата на кошарката.

Ако не го продолжи договорот оваа сезона, Јокиќ идното лето како слободен играч би можел да добие договор од 360 милиони долари за пет сезони.

Иако ќе биде слободен играч Денвер Нагетс и натаму ќе бидат први на неговата листа за новиот договор и шансите Јокиќ да остане во тој клуб се најголеми.

Целата кариера Никола Јокиќ ја мина во Денвер Нагетс со кои ја освои и шампионската титула во 2023, а тој самиот вели дека би сакал да остане во Денвер до крајот на кариерата.

Слични новости

Откако Роналдо ја напушти репрезентацијата на Португалија, селекторот Жезус рече дека ништо не може да го поремети единството

Откако Роналдо ја напушти репрезентацијата на Португалија, селекторот Жезус рече дека ништо не може да го поремети единството

Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија Жорже Жезуз изјави дека ништо не може да го наруши единството на екипата откако Кристијано Роналдој а напушти репрезентацијата.