Еден од најдобрите центри во НБА лигата и трикратен МВП Никола Јокиќ, доколку годинава не го продолжи договорот со Денвер би можел да стане најплатен играч во историјата на кошарката.

Ако не го продолжи договорот оваа сезона, Јокиќ идното лето како слободен играч би можел да добие договор од 360 милиони долари за пет сезони.

Иако ќе биде слободен играч Денвер Нагетс и натаму ќе бидат први на неговата листа за новиот договор и шансите Јокиќ да остане во тој клуб се најголеми.

Целата кариера Никола Јокиќ ја мина во Денвер Нагетс со кои ја освои и шампионската титула во 2023, а тој самиот вели дека би сакал да остане во Денвер до крајот на кариерата.

Слични новости

Кристијан Ромеро премина од Тотенхем во Атлетико Мадрид

Иако за неговите услуги беа заинтересирани и Арсенал и Барцелона, Ромеро на крај го избра Атлетико Мадрид, а клучната улога во преговорите ја имаше тренерот на Атлетико, сонародникот на Ромеро Аргентинецот Диего Симеоне.