Центарот на Денвер Нагетс Никола Јокиќ е казнет со 50.000 долари поради инцидентот на крајот од четвртиот натпревар во плеј офот меѓу Минесита и Денвер, соопшти НБА лигата.

Инцидентот настана откако во последната секунда Џејден Мекдениелс постигна кош, иако натпреварот беше решен, што се смеат за неспортско однесување и провокација. Јокиќ се затрча кон него и започна кошкање, во кое се вклучија голем број играчи и клупите на тимовите.

Поради инцидентот Џулиус Рендл ќе треба да плати казна од 35 000 долари. Сепак и Јокиќ и Рендл ќе играат на петиот натпревар ноќеска во Денвер во серијата во која Минесота води 3:1.

Слични новости

Крај на кариерата на Линдзи Вон

Последните информации се дека таа ја скршила левата нога врз која и е извршена операција. Само два месеци пред почетокот на Олимписките игри Линдзи Вон ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено