Никола Јокиќ утринава го забележа 3-тиот трипл дабл оваа сезона со импресивни бројки 23 коша, 21 скок и 19 асистенции, а само една загубена топка во победата на Денвер врз Далас од 142:135.

Најефикасен во тимот на Денвер беше Џамал Мари кој постигна 53 коша и 9 тројки од 14 обиди. По натпреварот Јокиќ изјави дека кога Мари игра вака, негово е да му направи простор, а кога ќе почнат да го удвојуваат тогаш тој треба да поентира или да ги вклучи другите преку асистенции.

Кај Далас најефикасен беше рукито Купер Флег со 26 коша, а Наџи Маршал постигна 22 поени.

Денвер е четврти на Западот со победа повеќе од Минесота.

Слични новости

Антоан Гризман летово го напушта Атлетико Мадрид

Антоан Гризман летово го напушта Атлетико Мадрид

Трансферот на Гризман во Орландо беше блиску и за време на зимскиот преоден рок, но Гризман реши да остане во Атлетико откако клубот се пласираше во финалето на купот на кралот и четвртфиналето на Лигата на шампионите.