Никола Јокиќ утринава го забележа 3-тиот трипл дабл оваа сезона со импресивни бројки 23 коша, 21 скок и 19 асистенции, а само една загубена топка во победата на Денвер врз Далас од 142:135.
Најефикасен во тимот на Денвер беше Џамал Мари кој постигна 53 коша и 9 тројки од 14 обиди. По натпреварот Јокиќ изјави дека кога Мари игра вака, негово е да му направи простор, а кога ќе почнат да го удвојуваат тогаш тој треба да поентира или да ги вклучи другите преку асистенции.
Кај Далас најефикасен беше рукито Купер Флег со 26 коша, а Наџи Маршал постигна 22 поени.
Денвер е четврти на Западот со победа повеќе од Минесота.
Слични новости
Валенсија го декласираше Панатинаикос и се пласираше на Фајнал-форот
Кошаркарите на Валенсија за прв пат се пласираа во Фајнал -форот на Евролигата, откако во мајсторката го победија Панатинаикос со 81:64 и со 3:2 во победи се пласираа во завршницата на натпреварувањето.
Кливленд во продолженијата го победи Детроит и поведе со 3:2 во серијата
Кошаркарите на Кливленд на гости го совладаа Кливленд со 117:113 по продолженија, во петтиот натпревар од полуфиналето на Источната конференција и поведоа во серијата со 3:2.
Доминација на Вембенјама Сан Антонио поведе со 3:2 против Минесота
Францускиот центар Виктор Вембенјама кој беше исклучен на четвртиот натпревар утринава блесна на свој терен и го донесе сан Антонио до водство од 3:2 во серијата против Минесота.


