Францускиот кошаркар Николас Батум реши да ја заврши кариерата во 37-та година.

Тој дојде во НБА лигата во дамнешната 2008-ма година, а најголемиот дел од кариерата го мина во Портланд, Шарлот и ЛА Клиперс.

Во најсилната кошаркарска лига на светот НБА Батум одигра 1.250 натпревари.

Со репрезентацијата на Франција освои две олимписки сребрени медаљи, како и злаен медал на европско првенство.

Иако ја заврши играчката кариера, Батум порача дека останува во кошарката иако не прецизираше со каков ангажман.

Слични новости

Четврти пораз во низа на Србија

Четврти пораз во низа на Србија

Селекцијата на Србија синоќа загуби со 2:1 на гостувањето во „Филипс“ арената во Ајндховен од Холандија во четвртото коло од Лигата на нациите. Ова беше и четврти пораз на селекторот Вељко Пауновиќ во четвртиот меч од Лигата на нациите.