„Низок обид за манипулација на јавноста“, ова е директниот одговор на министерот за внатрешни работи Министерот Панче Тошковски на прозивките на ДУИ и барањето за интерпелација по инцидентите на 28 ноември, на денот на албанското знаме.
Тошковки одговарајќи на новинарски прашања каде беше прашан за иницијативата на ДУИ за негова интерпелација во парламентот.
„Тезите кои што се поставуваа во изминатиот период од страна на опозицијата, особено од страна на ДУИ особено се сами по себе контрадикторни. Така да сметам дека македонскиот граѓанин и македонскиот народ, многи добро знае што стои зад оваа интерпелација од аспект на нивно барање. Нека им е со среќа! Ќе си постапи Собранието во насока на она што смета. Јас искрено сметам дека ова е еден низок обид за манипулација на јавноста!“ потенцира министерот.
Изјавите следуваа по работната посета и средба со Ненад Нешиќ, министер за безбедност на Босна и Херцеговина, со кого министерот Тошковки одржа заедничка прес конференција.
Слични новости
Македонија никому не оспорува ништо и не сакаме нас да нè оспоруваат, вели Мицкоски
-Секој кој ќе отвори тема за идентитетските прашања, не му мисли добро на соседот, а уште помалку ги почитува европските вредности, вели премиерот Мицкоски во интервју за МТВ.
Промовиран првиот водич за обезбедување бесплатна правна помош во постапките за азил во нашата држава
Водичот е резултат на соработката помеѓу Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Високиот комесар за бегалци во Северна Македонија (УНХЦР), Македонското здружение на млади правници и Адвокатската комора на Република Северна Македонија.
Шукова; За бегството на Груби одговорноста ја сносат Тошковски и МВР
За бегството на Артан Груби одговорноста треба да си ја сноси МВР и Тошковски. Редно време е власта да почне да се однесува како власт, а не како опозиција и за сите пропусти кои им се случуваат да обвинува некој друг., рече потпреседателката на СДСМ, Каја Шукова, во дебатната емисија „Анализа“ на 24 телевизија.