Заканувачки мејлови за поставени експлозивни направа, кои се покажале како лажни, утрово биле испратени во низа грчки училишта, а истрагата покажала дека се испратени од седум ИП адреси од Русија, информираа од Министерството за образование, религија и спорт на Грција.
Мејловите на англиски јазик пристигнале главно во училиштата во областа Атика поширокиот регион на Атина, во Епир и во североисточна и централна Грција, а веднаш бил активирано блокирање од серверите на училишна мрежа.
Заканувачките електронски пораки беа напишани на англиски јазик и предупредуваа за наводното постоење на експлозивен механизам во училиштата.
Слични мејлови беа испратени минатиот понеделник до образовните единици во Словенија.
Сепак, превентивно беше активиран безбедносниот протокол, информирани беа сите надлежни органи, поднесено е барање до Одделот за борба со компјутерски криминал за идентификување на испраќачот, а поднесена е и пријава до обвинителството, соопштија од надлежното Министерство.
Слични новости
Вашингтон во конфликт со Приштина: Лага е дека Курти е близок на САД
Американскиот пратеник за специјални операции низ светот Ричард Гренел го отфрли тврдењето на косовскиот премиер Албин Курти дека неговата влада има најдобри односи со САД, нарекувајќи го лажно
Хрватска има најголема инфлација во еврозоната
Годишната стапка на инфлација во Хрватска мерена со индексот на потрошувачките цени во јануари изнесува четири отсто, објави денеска Државниот завод за статистика
Поради земјотресите на Санторини затворени училиштата, воведени дополнителни летови
Од петокот се забележани земјотреси меѓу вулканските острови Санторини и Аморгос во Егејското Море, принудувајќи ги властите да ги затворат училиштата