Институтот за јавно здравје апелира да се избегнува изложување на сонце, вклучително и работа и физичка активност на отворено, во периодот од 11 до 17 часот, да се носи лесна, светла и широка облека, очила за сонце и капа или шапка со широк обод.

Внесувајте доволно течности и не чекајте да почувствувате жед за да пиете вода. Избегнувајте алкохолни пијалаци и ограничете го внесот на пијалаци што содржат кофеин. Одржувајте пријатна температура во домот и избегнувајте негово дополнително загревање.

Во текот на денот користете ролетни, завеси или други начини за заштита од директна сончева светлина, а просториите проветрувајте кога надворешната температура е пониска. Доколку користите уред за климатизација, избегнувајте прекумерно разладување на просторијата и нагли температурни промени, се вели во препораките на Институтот за јавно здравје.

Слични новости

Македонија одбележува 35 години независност

Македонија одбележува 35 години независност

На 8 септември 1991 година, граѓаните на Македонија на историскиот референдум со убедливо „за“ ја потврдија волјата за суверена и самостојна држава. Референдумското изјаснување претставуваше пресвртница со која започна процесот на создавање независна македонска држава