Институтот за јавно здравје апелира да се избегнува изложување на сонце, вклучително и работа и физичка активност на отворено, во периодот од 11 до 17 часот, да се носи лесна, светла и широка облека, очила за сонце и капа или шапка со широк обод.
Внесувајте доволно течности и не чекајте да почувствувате жед за да пиете вода. Избегнувајте алкохолни пијалаци и ограничете го внесот на пијалаци што содржат кофеин. Одржувајте пријатна температура во домот и избегнувајте негово дополнително загревање.
Во текот на денот користете ролетни, завеси или други начини за заштита од директна сончева светлина, а просториите проветрувајте кога надворешната температура е пониска. Доколку користите уред за климатизација, избегнувајте прекумерно разладување на просторијата и нагли температурни промени, се вели во препораките на Институтот за јавно здравје.
Слични новости
СДСМ: Македонија со највисока стапка на западнонилска треска во Европа– тотална неспособност на Клековски и Мицкоски
Според податоците од Европскиот центар за спречување и контрола на болести стапката на инциденца (случаи по глава на жител) од западнонилска треска е највисока во Македонија
Сo авиони и од копно се гасне пожарот во реонот на Палиград и Китка
Во интервенцијата се вклучени 3 авиони и два пинцгауери на ДЗС, 1 хеликоптер на МВР, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми.
Колони возила на Табановце и Богородица, за влез и излез од Македонија се чека и до еден час
На граничниот премин Табановце за влез и излез од Македонија се чека околу 40 минути. На граничниот премин Богородица кон Грција за излез од Македонија се чека околу еден час, инфромираат од АМСМ.


