Се одложи седницата во Апелација по жалбите на Љупчо Палевски Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, кои се осудени на доживотен затвор за грабнувањето и свирепите убиства на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски.

Судијата-известител за предметот Лирие Елези-Ајрулау го одложи рочиштето поради тоа што Видевски не беше во можност да присуства, бидејќи е хоспитализиран на државаната клиника. Неговиот адвокат Бојан Манев изјави дека здравствената состојба на Видевски е влошена.

Според првостепената пресуда, обвинетите добија по 10 години затвор за грабнувањата, а доживотен затвор за убиствата. Целта им била да изнудат пари од  мајката на девојчето. Жалба има поднесено и обвинителството за ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. 

Слични новости

Македонија на зимските олимписки игри со четворица претставници

Вечерва во Италија официјално ќе бидат отворени 25. Зимски олимписки игри (ЗОИ) Милано – Кортина 2026. Главната церемонија на свеченото отворање ќе почне вечерва во 20 часот на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано.