Пропадна обидот на лидерката на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова, за промена на изборниот модел така што Македонија би била една изборна единица, а да се гласа отворени листа. Предлог-измените на Изборниот законик, предложени од ЛДП, доби поддршка од само 19 пратеници од опозицијата.
„Не е фер гласовите на околу 30.000 до 40.000 граѓани да одат во вода, само поради изборниот модел. Ова не е само политичка неправда, туку е уставна повреда на начелото за еднаквост на гласот“, рече пратеничата Зајкова во образложение на законските измени.
Според Зајкова, демократијата ќе се унапреди ако постои можност граѓанинот да го бира директно својот пратеник преку отворени листи.
„Има страв од отворените листи кај оние кои со години ја градат својата моќ на неотчетност, на контролирани листи“, рече Зајкова.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа „за“ за предлогот. Претседателот на партијата и премиер, Христијан Мицкоски денеска изјави дека тие поддржуваат изборите да се одржуваат во една изборна единица, а во неа да се влеваат и гласовите на дијаспората.
„Ние сме за тоа да имаме една изборна единица и да може и иселениците да учествуваат во еден таков изборен процес. Да немаме трошоци, да немаме повеќе изборни единици… Да има една и во неа да се влеваат сите гласови – и на резидентното население, но и на онаа дијаспора којашто ќе сака да учествува “, рече Мицкоски.
Претходно од ДУИ истакнаа дека тие го поддржуваат предлогот за една изборна единица со отворени листи, но бараат да има изборен праг за избор на пратеници – 3 отсто од регистрираните гласачи или 5 отсто од излезените на изборите.
Слични новости
Досега 28 македонски државјани побарале поддршка за евакуација од ИзраелМуцунски
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево на прес-конференција информираше за преземените активности поврзани со евакуацијата на македонските државјани од Израел
Родителите на трагично починатите во пожарот во „Пулс“ доставија барање до ОЈО во Кочани за средба со обвинителите
Семејствата и родителите на починатите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска доставија писмен допис до Основното јавно обвинителство во Кочани, со кој бараат непосредна средба со обвинителите
Mакедонски граѓани ќе се евакуираат од Израел со владиниот авион
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека владиниот авион ќе биде ангажиран во евакуацијата на неколку македонски граѓани во Израел