Успехот на личност како што е Трамп со негови антиглобалистички ставови, наведе многумина да тврдат дека дојде до крајот на неолиберализмот. Но, иако го нема триумфалистичкиот глобализам од ерата по Студената војна, многу од компонентите на неолиберализмот денеска се прекршуваат низ призмата на засилениот национализам.
Враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа со политиката „Америка на прво место“ и презирот што го покажува кон меѓународните организации и договори, ги заживаа стравувањата за опстанокот на „Либералниот меѓународен поредок“. Еден од водечките либерални интернационалисти Џон Икенбери во 2018 предупреди дека „САД избраа претседател кој е негативно расположен кон либералниот интернациознализам“. Затоа Америка веќе не може да го обезбеди водството потребно за промовирање на соработката и промовирање на вредностите на слободниот свет.
Бомбастичните искази на Трамп за користење сила за САД да ги преземе Гренланд и Панамскиот канал, колебањето да продолжи со вооружувањето на Украина, неговиот восхит кон Владимир Путин и омаловажувањето на меѓународните договори ги продлабочуваат стравовите на почетокот на неговиот втор мандат.
Корените на Либералниот меѓународен поредок се по Втората светска војна. Новите институции и договори главно беа воспоставени за да се зацврсти моќта на САД на едната страна од поделбата во Студената војна, за да се спречи советската експанзија и за да се поддржи транзицијата на империјалните сили во свет на суверени држави под туторство на „американскиот хегемон“.
Историчарот на Студената војна Џон Луис Гледис вели дека „Без некој особен план, државите на повоената ера имаа среќа да завршат во систем на меѓународни односи, кој бидејќи се засниваше на реален однос на моќта, добро послужи на целта да се одржат редот, а донекаде и правичноста, дури и подобро од тоа што се очекуваше“.
Дури во 70-тите и 80-тите години, со траумата од американскиот пораз во Виетнам, концептот доби широка поддршка, па либералниот интернационализам го доби својот сегашен облик, со нагласување на правилата и правото. Потоа дојде распадот на Советскиот Сојуз и состојбата која Франсис Фукујама ја опиша како „крај на историјата“ – привидниот триумф на либералната демократија. Идејата за „Либерален меѓународен поредок “ влезе во својата златна епоха.
Но, триумфализмот траеше кратко и по 11 Септември 2001 мнозинството западни лидери се согласија дека одбраната на либералниот поредок допушта користење на крајно нелиберални средства, од киднапирања и тортури, до атентати и инвазии. За помалку од една деценија, финансискиот колапс во 2008 и јакнењето на кинеското влијание на глобалната сцена донесоа предупредувања за крајот на либералниот поредок. Неговата историја е испреплетена со економија и геополитика. Економската цел беше светот да се направи безбеден за слободните пазари, а со изградбата на институции капитализмот требаше да се вакцинира против заканите врз демократијата.
Но, растот на нееднаквоста, пропаѓањето на цивилното општество и растечкото чувство на огорченост внатре во делови на гласачкото тело ширум светот, доведе до бунт против „либералните елити“. Трамп, како и другите популистички лидери, успешно го искористи моментот на реакција против либералните елити.
Успехот на личност како што е Трамп со неговите антиглобалистички ставови, наведе многумина да тврдат дека дојде до крајот на неолиберализмот. Но, иако го нема триумфалистичкиот глобализам од ерата по Студената војна, многу од компонентите на неолиберализмот денеска се прекршуваат низ призмата на засилениот национализам.
Геополитичките аспекти на Либералниот меѓународен поредок се контрадиткорни. Западните лидери проповедаа либерализам, демократија и владеење на правото, но насекаде го поддржуваа авторитаризмот кога тоа одговараше на нивните потреби. Приврзаниците на Либералнио меѓународен поредок врдат дека тој беше бранител на мирот во светот. Но тој „мир“ не значеше отсуство на војна, туку само спречување на директен судир меѓу големите сили.
Според проектот за истражување воени интервенции, од 400 американски воени интервенции во странство од 1776 до 2019, најголемиот дел се случија по 1945, а дури една четвртина по 1989.
Многу пред прогласот на Трамп „Америка на првото место“ американските лидери корисета дипломатија која користи оружена сила. Секако постојат многу причини за загриженост поради новите политики на САД.
Но, не треба да се идеализира минатото или да фалиме либерален поредок , кој рака на срце, никогаш не постоеше. Треба пред се да размислиме што подразбираме под интернационализам во оваа ера на засилен национализам.
Кенан Малик
Гардијан
Слични новости
Волстрит џурнал: Најглупавата трговска војна во историјата
Ова е е самонанесена рана на американската економија. Очекувам зголемување на инфлацијата затоа што нивото на цените ќе порасне кога ќе биде...
Каде сакаат младите да живеат и работат во Европската унија?
Младите Европејци на возраст од 15 до 29 години студираат или работат надвор од нивната земја на раѓање. Но, ова не е време за безгрижни забави за младите во Европа
Номинацијата за Греми на Битлси покренува прашања за улогата на ВИ во музиката
Бијонсе, Кендрик Ламар и… Битлси? Величествената четворка се разијде пред повеќе од половина век и само двајца сѐ уште се живи, но тие се во конкуренција за Греми за најдобар албум на годината