Бразилската ѕвезда Нејмар постигна гол првпат по 16 месеци и долго отсуство поради повреда во неделата, а неговиот гол од пенал му помогна на Сантос да победи со 3:1 против Агуа Санта во шампионатот Паулиста.
Триесет итригодишниот бразилски напаѓач реализираше пенал во 14. минута, а во 70. минута забележа и асистенција за конечните 3:1.
Последниот гол на Нејмар беше постигна во октомври 2023 година за Ал-Хилал, а потоа сериозната повреда на коленото го ограничи на само седум настапи за саудискиот тим.

„Среќен сум што повторно постигнувам гол, се чувствувам како да се подобрувам. Очигледно нема да бидам 100 отсто физички, тоа е мојот само четврти натпревар, но станувам се подобар и подобар“, изјави Нејмар по натпреварот.
Нејмар ја започна својата кариера на 17-годишна возраст во Сантос во 2009 година, впиша 136 гола и 64 асистенции во 225 натпревари за да му помогне во 2011 година на клубот да ја обезбеди својата прва титула во Копа Либертадорес по речиси 50 години.
И се приклучи на Барселона во 2013 година, а се пресели во Пари Сен-Жермен за светски рекорд од 222 милиони евра во август 2017 година, пред да прејде во Ал-Хилал за пријавена сума од околу 90 милиони евра. Бразилските медиуми објавија дека договорот на Нејмар со Сантос е до крајот на јуни.
„Ние си помагаме, Сантос ми помага, ми ја отворија вратата повторно да го откријам фудбалот, повторно да ја откријам радоста. Не сакав да потпишам долг договор бидејќи не знаев како ќе се вратам. Не знаев како ќе се чувствувам во текот на овие месеци. Да уживаме во овие моменти, тоа е почеток на одлична ера за Сантос”, рече Нејмар на прашањето за продолжување на договорот.
Слични новости
Оклахома Сити го победи Милвоки во најинтересниот натпревар од НБА лигата
Првопласираниот тим на Западот Оклахома Сити славеше на гостувањето во Милвоки со 121:105 во меч во кој директно играа еден против друг двајца кандидати за МВП титулата сезонава Шеи Гилџес Александар и Јанис Адетокумбо.
Британскиот тенисер Џек Дрејпер го освои Матерсот во Индијан Велс
Британскиот тенисер Џек Драјпер го освои Мастерс турнирот во Индијан Велс откако во финалето го совлада Данецот Холгер Руне. Дрејпер славеше убедливо со 2:0 во сетови ( 6:2, 6:2) во меч што траеше само 70 минути.
Барселона од 0:2 до победа на Метрополитано
Во дербито на 28. коло на шпанското фудбалско првенство, Барселона ја надомести негативата од два гола на мадридскиот стадион „Метрополитано’ и го совлада домашниот тим Атлетико со 4:2