Бразилскиот напаѓач 32-годишниот Нејмар треба да се врати во Сантос, клубот во кој ја започна својата играчка кариера и покрај тоа што заработува неверојатни 150 милиони евра годишно во саудиски Ал-Хилал, објавија во понеделникот британските медиуми.
Бразилската фудбалска ѕвезда има намера тоа да го постигне до крајот на зимскиот преоден рок, односно во јануари. Нејмар замина во Саудиска Арабија во летото 2023 година и потпиша двегодишен договор со Ал-Хилал, според кој заработува 150 милиони евра годишно, шест пати повеќе отколку што заработуваше во ПСЖ. Сепак, поради повреди одигра само седум натпревари за година ипол.
Иако има уште половина година до истекот на договорот со саудискиот клуб, Нејмар е многу блиску до враќање во татковината и саканиот Сантос, каде што почнал да тренира на 11-годишна возраст. Имено, тренерот на Ал-Хилал, Хорхе Жесус, се помирил со фактот дека не може да смета на Нејмар, па изјавил дека нема ни да го пријави за пролетниот дел од сезоната во првенството на Саудиска Арабија.
Нејмар сега има две опции: или да го раскине договорот со Ал-Хилал со заедничка согласност и да замине на позајмица во Сантос додека не му истече договорот со клубот од Ријад.
Слични новости
Данска ја демонтираше Португалија и ќе игра против Хрватска за златото на ракометниот мундијал
Ракометарите на Данска ја декласираа Португалија со резултат 40:27 (20:16) во полуфиналето на Светското првенство
На „Олд Трафорд“ доаѓа португалската тинејџерска ѕвезда Квенда
Младата португалска фудбалска ѕвезда, 17-годишниот Жеовани Квенда, треба да ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед, јавуваат британските и португалските медиуми
Салах сѐ поблиску до трансфер во Саудиска Арабија
Иако оваа сезона во Лигата на шампионите и Премиер лигата постигна 22 гола и впиша 17 асистенции, египетскиот напаѓач Мохамед Салах најверојатно ќе го напушти Ливерпул