Бразилскиот напаѓач 32-годишниот Нејмар треба да се врати во Сантос, клубот во кој ја започна својата играчка кариера и покрај тоа што заработува неверојатни 150 милиони евра годишно во саудиски Ал-Хилал, објавија во понеделникот британските медиуми.
Бразилската фудбалска ѕвезда има намера тоа да го постигне до крајот на зимскиот преоден рок, односно во јануари. Нејмар замина во Саудиска Арабија во летото 2023 година и потпиша двегодишен договор со Ал-Хилал, според кој заработува 150 милиони евра годишно, шест пати повеќе отколку што заработуваше во ПСЖ. Сепак, поради повреди одигра само седум натпревари за година ипол.
Иако има уште половина година до истекот на договорот со саудискиот клуб, Нејмар е многу блиску до враќање во татковината и саканиот Сантос, каде што почнал да тренира на 11-годишна возраст. Имено, тренерот на Ал-Хилал, Хорхе Жесус, се помирил со фактот дека не може да смета на Нејмар, па изјавил дека нема ни да го пријави за пролетниот дел од сезоната во првенството на Саудиска Арабија.
Нејмар сега има две опции: или да го раскине договорот со Ал-Хилал со заедничка согласност и да замине на позајмица во Сантос додека не му истече договорот со клубот од Ријад.
Слични новости
Ливерпул по денешната победа на гости кај Бормут со девет бодови предност
Фудбалерите на Ливерпул денеска извојуваа тешка победа на гости против незгодниот тим на Бормут од 2 спрема нула со головите на Мохамед Салах.
Денвер ја победи Филаделфија со 8 коша на Јокиќ во последната минута
Кошаркарите на Денвер како гости утринава ја победија екипата на Филаделфија со 137:134 и така ја прекинаа низата од три порази по ред..
Евролига: Ѕвезда во последната секунда го совлада Партизан
Кошаркарите на Партизан беа домаќини на Црвена ѕвезда во 24. коло од Евролигата, а драматичниот меч беше решен дури во последната секунда