Бразилскиот напаѓач 32-годишниот Нејмар треба да се врати во Сантос, клубот во кој ја започна својата играчка кариера и покрај тоа што заработува неверојатни 150 милиони евра годишно во саудиски Ал-Хилал, објавија во понеделникот британските медиуми.
Бразилската фудбалска ѕвезда има намера тоа да го постигне до крајот на зимскиот преоден рок, односно во јануари. Нејмар замина во Саудиска Арабија во летото 2023 година и потпиша двегодишен договор со Ал-Хилал, според кој заработува 150 милиони евра годишно, шест пати повеќе отколку што заработуваше во ПСЖ. Сепак, поради повреди одигра само седум натпревари за година ипол.
Иако има уште половина година до истекот на договорот со саудискиот клуб, Нејмар е многу блиску до враќање во татковината и саканиот Сантос, каде што почнал да тренира на 11-годишна возраст. Имено, тренерот на Ал-Хилал, Хорхе Жесус, се помирил со фактот дека не може да смета на Нејмар, па изјавил дека нема ни да го пријави за пролетниот дел од сезоната во првенството на Саудиска Арабија.
Нејмар сега има две опции: или да го раскине договорот со Ал-Хилал со заедничка согласност и да замине на позајмица во Сантос додека не му истече договорот со клубот од Ријад.
Слични новости
Рома сака да го донесе Касемиро на позајмица, но проблем е неговата огромна плата
И покрај тоа што е најплатен играч на Јунајтед, со годишна плата од 23 милиони евра, Касемиро се најде во немилост кај новиот тренер Рубен Аморим
НБА лига: Победи на Филаделфија, Голден Стејт, Хјустон и Портланд
Синоќа се одиграа четири натпревари во НБА лигата, Филаделфија славеше против Лос Анџелес Лејкерс, Голден Стејт ја совлада Јута Џез, Хјустон ја совлада Атланта, а Портланд го совлада Милвоки
Влаховиќ ја одбил понудата да му стане соиграч на Роналдо
Српскиот напаѓач, 25-годишниот Душан Влаховиќ, иако најверојатно ќе заврши на клупата за резервни играчи, нема намера да го напушти Јувентус и ја одбил богатата понуда од Саудиска Арабија