Бразилскиот фудбалер Нејмар се врати на тренинзите со својот Сантос, иако лекарите препорачаа да се одмора само откако го повреди левото колено.

Поранешниот фудбалер на Барселона и ПСЖ учествуваше на групен тренинг на тимот со ортоза над левото колено, а исто така избегнуваше дуели со своите соиграчи. Нејмар одлучи да го негира мислењето на лекарот бидејќи сака да му помогне на својот клуб во завршницата на бразилската Серија А да го задржи статусот на прволигаш.

На три кола до крајот неговиот Сантос е во зоната за испаѓање, на маргиналното 17-то место. Во моментов, Сантос е на еден бод од спас, колку што го дели од Виторија на 16-та позиција. Нејмар има намера да ги игра последните три лигашки натпревара.

„Нејмар одлучи да го ризикува сопственото здравје за да се обиде да го спаси својот Сантос“, објави бреазилската информаривна мрежа Globo, додавајќи дека 33-годишниот Нејмар ќе има тестови на коленото по секој тренинг за да се утврди дали има нови оштетувања и проблеми или дали коленото нормално може да го издржи оптоварувањето.

Оваа година, Нејмар се врати во својот матичен клуб Сантос откако играше за Ал Хилал, клуб од Ријад, од 2023 до 2025 година.

globe

Слични новости

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа