Анимираната серија „теминатор Зеро“ на стримерот Нетфликс е откажана и веќе нема да се снимаат нови сезони.
Креаторот на серијата Матсон Томлин напиша на платформата „Х“ дека и покрај добрите оценки од критиката и одличните реакции на публиката, серијата се откажува затоа што не успеала да привлече доволен број на гледачи.
Откажувањето на „Терминатор Зеро“ кое ја имаше премиерата во Август 2024 не е големо изненадување бидејќи во ниту еден момент не успеа да се пласира меѓу десетте најгледани серии на Нетфликс, ниту пак се покажа во мерењата на Нилсен.
Слични новости
Ревитализираното Мапет Шоу двојно ја зголеми гледаноста за осум дена
Новото Мапет шоу на премиерата на АБЦ го гледаа 3 милиони гледачи во Америка, но оттогаш на стриминг платформата на Дизни достигна 7,6 милиони гледачи што е зголемување за 147 проценти.
Филмот „Оркански висови“ се очекува да доминира на Бокс офисот за викендот
На претпремиерата во четвртокот филмот заработи 3 милиони долари од продажба на кино билети и се очекува да го заврши викендот со заработка меѓу 40 и 50 милиони долари.
Викендов светска премиер на римејкот на Оркански висови
Режисер на филмот е Емералд Фенел, а во главни улоги играат Маргот Роби и Џејкоб Елорди, кој е номиниран за оскар за улогата на Франкештајновото чудовиште.


