Анимираната серија „теминатор Зеро“ на стримерот Нетфликс е откажана и веќе нема да се снимаат нови сезони.
Креаторот на серијата Матсон Томлин напиша на платформата „Х“ дека и покрај добрите оценки од критиката и одличните реакции на публиката, серијата се откажува затоа што не успеала да привлече доволен број на гледачи.
Откажувањето на „Терминатор Зеро“ кое ја имаше премиерата во Август 2024 не е големо изненадување бидејќи во ниту еден момент не успеа да се пласира меѓу десетте најгледани серии на Нетфликс, ниту пак се покажа во мерењата на Нилсен.
Слични новости
Фаворит на доделувањето на Бафта наградите в недела „Една битка по друга“.
На церемонијата на доделување на наградите, на сцената ќе бидат и Оскароваците Барјан Кранстон, Килиан Марфи, Мајкл Б Џордан, Глен Клоуз и Патрик Демпси.
Холивуд се простува од легендарниот актер Роберт Дувал
Една од иконите на Холивуд Роберт Дувак, кој во кариерата имаше дури седум номинации за Оскар ќе остане запаметен по улогите на консилјерето Том Хејган во култните филмови Кум 1 и Кум 2 на Копола
ЕП ја оневозможи вештачката интелигенција на таблетите на пратениците поради безбедност
Европскиот парламент ги оневозможи функциите на вештачка интелигенција на таблетите што им ги доделува на пратениците, поради безбедност и заштита на податоците


