Стриминг платформата Нетфликс повторно падна пред премиерата на финалните епизоди од сезоната 5 на популарната серија „чудни нешта“. Ова му се случува втор пат на Нетфликс, а првиот пат, ова им се случи на 26 ноември, пред премиерата на првите епизоди на „Чудни нешта“.
Многу корисници едновремено се вклучија за да ја гледаат хит серијата, но наместо да ги гледаат епизодите им се појавил текст на стримерот „ Жалиме, нешто тргна по лошо, имаме проблем со вашето барање“.
Некои од фановите веднаш се пожалија на социјалните мрежи и го критикуваат стримерот, затоа што истиот инцидент им се случува втор пат. Од Нетфликс, не сакаа да го коментираат инцидентот.
Слични новости
Објавен трејлерот за третиот дел на „Дина“ на Денис Вилнев
Ако првиот дел беше контемпација за момче кое го истражува новиот свет, а вториот дел беше воен филм, третиот дел е трилер. Филмот е исполнет со акција и тензија, најави режисерот Денис Вилнев.
„Хоперс“ и натаму прв на Бокс Офисот
Анимираниот филм „Хоперс“ и натаму е убедливо прв на американскиот Бокс Офис, иако забележа голем пад на гледаноста во втората недела од прикажувањето во кино салите.
Пад на гледаноста на шоуто на додела на Оскарите
Според истражувањето на мерењата за гледаност на Нилсен, Оскарите на Еј БИ Си ги гледаа 17,8 милиони гледачи во САД, за разлика од 20 милиони шти го гледаа шоуто во 2025.


