Стриминг компанијата Нетфликс објави дека оствари приход од 12,1 милијарда долари за четвртиот квартал од минатата година од октомври до крајот на декември, што ги надмина прогнозите на берзанските аналитичари, пренесе Ројтерс.

Заработувачката според акција изнесува 56 центи, што е исто така малку повисоко во однос на проекциите.

Компанијата соопшти дека нејзините резултати се засновани на зголемување на бројот на корисниците.

Нетфликс е и натаму најсериозен кандидат за купување на филмското студиото Ворнер Брос, заедно со огромната филмска архива.

Слични новости

Криза за гориво на европските аеродроми

Криза за гориво на европските аеродроми

На европските аеродроми им се заканува системски недостиг од авионско гориво доколку Ормускиот теснец во наредните три недели целосно не се отвори за сообраќај, предупреди авио-индустријата.