Стримерот Нетфликс ги откупи правата на серијата „Сиот тој гнев“ од авторите Лиз Фелдман и Кели Хачинсон кои соработуваа и на сериите „Мртов за мене“ и „Мечкина услуга“. Нетфликс исто така, го продолжи договорот со Фелдман која изминатите шест години работи со Нетфликс.
Новата серија „Сиот тој гнев“ е црна комедија, во чиј центар се две другарки Ема и Ели, стари другарки кои повторно се зближуваат по долго време на отуженост и наоѓаат нова цел во тоа да му го загорчат животот на ќовекот што им го уништил пријателството.
Освен Лиз Фелдман и Кели Хачинсон извршни продуценти на серијата ќе бидат и Вил Фарел и Џесика Елбаум.
Слични новости
Скромниот бас виртуоз од Чаир Љубе Кучкар
Стално го напињав зошто не свири професионално со таков талент. Еднаш ми рече : „Саки се уморив да се бркам. Ја бркав ритам машината на Кики у Бастион, а после го бркав Гаро на бубњеви у Парамециум. А Гаро е бетер од ритам машина“.
