Стримерот Нетфликс ги купи ексклузивните права за пренос на Светското првенство во фудбал 2030 година во Шпанија, една од земјите домаќини со договор кој предвидува јавниот сервис да може да пренесува по еден натпревар дневно.

Нетфликс соопшти дека во живо ќе ги пренесува сите 104 натпревари од турнирот со 48 репрезентации, а домаќини ќе бидат Шпанија, Португалија и Мароко.

Вредноста на договорот не е објавена. Светското првенство во 2030 ќе биде јубулејно стогодишно издание на Светските првенства во фудбал.

Ова е прв договор на Нетфликс за пренос на Светско првенство за мажи, откако ФИФА досега традиционално правата им ги даваше на јавните сервиси, за преносите да бидат што подостапни.

Слични новости

„Мета“ се согласи на судска спогодба, ќе плати и над 16 милијарди долари

„Мета“ се согласи на судска спогодба, ќе плати и над 16 милијарди долари

Американската компанија Мета, во чија сопственост се мрежите Фејсбук и Инстаграм, се согласи да плати максимум 16,68 милијарди долари и да воведе значајни промени на своите платформи за да го заврши спорот со 29 американски држави кои ја обвинија дека ги дизајнирала социјалните мрежи да создадат зависност кај децата.

Бил Гејтс предупредува дека вештачката интелигенција може да предизвика поголема штета отколку корист

Бил Гејтс предупредува дека вештачката интелигенција може да предизвика поголема штета отколку корист

Гејтс смета дека е клучно државите и компаниите да не чекаат да се појават последиците, туку отсега да постават правила кои ќе овозможат користа од вештачката интелигенција да биде поголема од ризиците.