Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека се надева на мирна следна фаза од спогодбата меѓу Израел и Хамас, но нагласи дека условите на американскиот претседател Доналд Трамп се многу јасни и дека „Хамас мора да се разоружа и демилитаризира или ќе настане вистински пекол“.

Се согласивме да му дадеме шанса на мирот, оцени Нетанјаху по посетата на Трамп на Тел Авив и порача дека откако се вратени заложниците, идниот чекор мора да биде разоружување и демилитаризација.

Трамп предупреди дека доколку Хамас не се согласи на разоружување, тие присилно ќе бидат разоружани и тоа ќе се се случи брзо, а можеби и насилно. Нетанјаху изјави дека се надева дека нема да дојде до тоа и дека се ќе се реши по мирен пат.

Слични новости

Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф

Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер