Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху треба да се сретне со новиот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа следната седмица, соопшти неговиот кабинет во вторникот вечерта.

Трамп го поканил израелскиот премиер да го посети на 4-ти февруари, се вели во соопштението објавено од кабинетот на Нетанјаху.

Белата куќа потврди дека на израелскиот премиер му била испратена покана за почетокот на следната седмица, но не прецизираа точен датум.

 

Нетанјаху ќе биде првиот странски лидер којшто ќе биде примен од Трамп откако тој го презеде новиот претседателски мандат минатата седмица.

Состанокот на самиот почеток на мандатот на Трамп може да се смета како силен гест на поддршка за Нетанјаху, кој се најде под жестоки меѓународни критики за војната во Газа. САД се најважниот сојузник на Израел и најголемиот снабдувач со оружје.

Додека претходникот на Трамп, Џо Бајден, никогаш не ја повлече својата поддршка за Израел, но сè повеќе ја критикуваше воената кампања на земјата во Газа, во која загинаа повеќе од 47.000 Палестинци од почетокот на војната.

Од друга страна, познато е дека Трамп е многу поблизок со Нетанјаху. Во првите денови од неговиот втор мандат, тој повторно изрази поддршка за Нетанјаху. Покрај укинувањето на санкциите од ерата на Бајден за израелските доселеници на Западниот брег, Трамп, исто така, предизвика гнев со тоа што предложи да се „исчисти“ и главно уништениот Појас Газа. Палестинците да се преселат во други арапски земји.

globe

Слични новости

Водачот на операцијата за соборување на Асад прогласен за привремен претседател на Сирија

Водачот на операцијата за соборување на Асад прогласен за привремен претседател на Сирија

Поранешниот неофицијален лидер на сунитските исламистички бунтовници во Сирија, Ахмед ал-Шара, беше прогласен за шеф на државата во преодната фаза на власта во средата, со овластување да формира нов законодавен совет