Блокот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху освои 57 пратенички места на парламентарните избори, наспроти 47 колку што и припаднаа на опозицијата, иако пребројувањето на гласовите не е сеуште завршено.

На партиите на Арапите им припаднаа 16 места во парламентот, така што ниту Нетанјаху ниту опозицијата не можат да стигнат до мнозинство во Кнесетот за формирање влада, откако двата израелски блока соопштија дека не планираат да коалицираат со партиите на Арапите.

Во меѓувреме претседателот на Изборната комисија на Израел Ноам Солберг побара од израелската безбедносна служба Шин Бет да ги испита наводите за странско мешање во изборите кои беа одржани во вторникот, поради сомнежи дека странски субјекти со финансирање се обидувале да влијаат врз изборниот процес спротивно на интересите на Израел.

 

Слични новости

Нови судири меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана

Нови судири меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана

Синоќа нови протести во Тирана при што повторно дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата. Демонстрантите фрлаа камења и пиротехнички средства кон полициските сили, кои возвратија со солзавец и водени топови за да ја растераат толпата.

Нови насилни судири во Тирана: Над 150 повредени и најмалку 160 уапсени

Нови насилни судири во Тирана: Над 150 повредени и најмалку 160 уапсени

Нови насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите избија синоќа во Тирана, четврти ден по ред на протести во Албанија. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, кои фрлаа камења и блокираа улици со запалени контејнери за отпад.