Блокот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху освои 57 пратенички места на парламентарните избори, наспроти 47 колку што и припаднаа на опозицијата, иако пребројувањето на гласовите не е сеуште завршено.

На партиите на Арапите им припаднаа 16 места во парламентот, така што ниту Нетанјаху ниту опозицијата не можат да стигнат до мнозинство во Кнесетот за формирање влада, откако двата израелски блока соопштија дека не планираат да коалицираат со партиите на Арапите.

Во меѓувреме претседателот на Изборната комисија на Израел Ноам Солберг побара од израелската безбедносна служба Шин Бет да ги испита наводите за странско мешање во изборите кои беа одржани во вторникот, поради сомнежи дека странски субјекти со финансирање се обидувале да влијаат врз изборниот процес спротивно на интересите на Израел.

 

Слични новости