Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата ѝ нареди на војската да „преземе решителна акција против терористичките цели во Појасот Газа“ по извештаите за наводни напади на Хамас врз израелските сили.
Кабинетот на Нетанјаху соопшти дека премиерот ја донел одлуката по консултација со министерот за одбрана Израел Кац и безбедносните фунцкионери.
Израелската војска соопшти дека „терористите истрелале противтенковска ракета и отвориле оган“ врз војниците кои работеле на „уништување на терористичката инфраструктура во областа Рафа“ како што е договорено во договорот за прекин на огнот.
„Израелските одбранбени сили (IDF) одговорија со напади во областа за да ја отстранат заканата и да ги демонтираат тунелските окна и воените структури што се користат за терористички активности“, соопшти војската.
„Овие терористички акти се јасно кршење на договорот за прекин на огнот, а Израелските одбранбени сили ќе одговорат решително“, се додва во објавата.
Израелските медиуми претходно објавија дека израелските авиони нападнале цели во близина на Рафа во јужниот дел на Појасот Газа. Висок израелски воен функционер го обвини Хамас за нападите врз израелските војници.
Реагирајќи на објавите, висок функционер на Хамас рече дека групата останува посветена на примирјето. Изат ал-Ришек, член на политбирото на Хамас, го обвини Израел за кршење на примирјето и измислување „слаби изговори“ за да ги „оправда своите злосторства“.
Ал-Ришек не коментираше експлицитно за извештаите за напади врз израелските сили. Тој го обвини Нетанјаху дека се обидува да ја избегне својата одговорност пред посредниците за мир поради притисок од неговите десничарски коалициски партнери.
Како што се појавија извештаи за напади на Хамас, крајно десничарскиот министер за национална безбедност на Израел, Итамар Бен-Гвир, го повика Нетанјаху да ја продолжи војната против Хамас.
Нетанјаху треба да ѝ нареди на армијата „целосно и целосно да ги продолжи борбените операции во Појасот Газа“, напиша Бен-Гвир, кој го критикуваше договорот за прекин на огнот уште од неговото склучување и гласаше против него, на X.
Американскиот Стејт департмент предупреди во саботата дека Хамас планира „непосреден“ напад врз палестинските цивили.
Стејт департментот соопшти дека ги информирал гарантите на мировниот план за Газа за „веродостојни извештаи“ што укажуваат на прекршување на постојното примирје.
Хамас ги отфрли обвинувањата и ги опиша како „неосновани тврдења“ усогласени со израелската пропаганда.
По прекинот на огнот што стапи на сила на 10 октомври и повлекувањето на израелските трупи од речиси половина од крајбрежниот појас, се појавија извештаи дека Хамас наводно егзекутира палестински цивили во Појасот Газа.
Хамас, како дел од првата фаза од примирјето со Израел, се согласи да ги ослободи сите живи и мртви заложници земени за време на масакрот врз Израел на 7 октомври 2023 година.
Хамас ги ослободи последните 20 живи заложници во понеделникот и оттогаш постепено ги враќа телата на мртвите заложници. Телата на 16 заложници сè уште се во Појасот Газа.
Хамас вели дека е тешко да се најдат тела под урнатините на бомбардираните згради и тунели уништени за време на двегодишната војна во Газа, а Израел ги обвинува дека намерно го отежнуваат предавањето на заложниците.
Слични новости
Нетанјаху: Израел ќе остане во тампон-зоната во јужна Сирија
Израел има намера да остане во тампон-зоната во јужна Сирија, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху на состанокот со израелските амбасадори, според извештаите на локалните медиуми
Замир постави нова граница со Појасот Газа
Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии
Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе
Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе


